Дома   Продолжување на АгБиз За АгБиз Проекти Контакт Линкови USAID.gov USAID.gov
УСАИД Лого
АгБиз
Се наоѓате тука » Дома » Продолжување на АгБиз

Во јуни, оваа година, АгБиз Програмата беше продолжена за уште 2 години, со главна задача да работи на зголемување на приходите на сите учесници во одредени земјоделски сектори преку зголемување на продажбата (на домашниот и странските пазари), подобрување на продуктивноста, олеснување на пристапот до финансии и преку подобрување на општата бизнис клима во земјоделството.
Во наредните 2 години, во фокусот на АгБиз ќе бидат вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и преработки од зеленчук.  АгБиз ќе ги надградува постоечките капацитети и експертиза на македонските консултантски фирми и водечките компании и фарми од овие сектори, за да создаде ново гледање на пазарот за интегрираните услуги за развој на бизнисот и обезбедување на истите со наплата.  Со ваквиот концепт, АгБиз Програмата, ќе овозможи оддржлива испорака на услуги на своите македонски партнери многу подолго од завршувањето на Мисијата на УСАИД во Македонија.
Спроведувањето на АгБиз ќе придонесе за остварување на следниве цели на компонентата за Економски развој на Мисијата на УСАИД во Македонија: 1) Креирање на нови работни места во приватниот сектор, 2) Подобрена бизнис клима, и 3) Зајакнување на капацитетите на клучните приватни сектори.  
Продолжувањето на АгБиз ќе се разликува од АгБиз со следниве 3 карактеристики:  

  • Фокусот ќе биде само на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и преработки од зеленчук;
  • Ќе се стави поголем акцент на нивото на примарното производство во синџирот на вредност, со цел да се зголеми квалитетот и квантитетот на производтвото и со тоа да се одговори на постоечката но и на идната побарувачка, што пак понатаму ќе вклучува и зголемен број на учесници во целните  вредносни синџири;
  • Зголемено користење на услугите на локални консултантски фирми за спроведување на сите компоненти на АгБиз.

 

Директна поддршка на синџирите на вредност

Пет од компонентите на АгБиз ќе бидат спроведувани преку договори со локални консултантски фирми. Тие се:

Зголемена продуктивностконкурентност и продажба на свежо овошје и зеленчук

Главната цел на компонентата од вредносниот синџир за свежо овошје и зеленчук е да се работи со заинтересираните страни од овој синџир за зголемување на приходите на сите учесници во поддржаните вредносни синџири, почнувајќи од врвот кон базата, со помош на широк пристап кој ги вклучува земјоделците, откупувачите, добавувачите, трговците и сопствениците  на објекти за ладење и пакување, преработувачите, и извозниците. Тоа ќе се реализира првенствено со подобрување на продуктивноста и конкурентноста на сите нивоа од синџирот на вредности, со зајакнување на присуството на пазарот и со подобрување на бизнис климата и на пристапот до финансии. Овие подобрувања постигнати преку одржливите врски помеѓу главните играчи и производителите за возврат ќе ја зголемат домашната и/или меѓународната продажба и трговијата на малите компании, а со тоа ќе ги зголемат и приходите на учесниците.
Со цел да се постигне подобрување на продуктивноста и конкурентноста и подобра домашна и извозна продажба на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук, главните консултантски фирми ќе користат пристап со директно вклучување на производителите во процесот на подобрување на нивниот краен производ, што ќе резултира со подобар квалитет и потенцијал за да бидат способни да се продаваат на пазарот во согласност со специфичните барања на пазарот на производи преку брза интервенција на поддржаните учесници. Креирањето на интегриран вертикален снабдувачки синџир во рамките на секторот е од клучно значење за спроведувањето на активностите и за постигнување на  целите. 

Консултантската фирма ЕПИЦЕНТАР ќе биде одговорна за спроведување на оваа компонента под надзор на тимот на АгБиз.
ЕПИЦЕНТАР Лого






Зголемена продуктивност, конкурентност и продажба на преработки од зеленчук

Главната цел на компонентата на вредносниот синџир за преработки од зеленчук е да се работи со заинтересираните страни од овој синџир за зголемување на приходите на сите учесници во поддржаните вредносни синџири, почнувајќи од врвот кон базата, со помош на широк пристап кој ги вклучува земјоделците, откупувачите, добавувачите, трговците и сопствениците на објекти за ладење и пакување, преработувачите, и извозниците. Тоа ќе се реализира првенствено со подобрување на продуктивноста и конкурентноста на сите нивоа од синџирот на вредности, со зајакнување на присуството на пазарот и со подобрување на бизнис климата и на пристапот до финансии. Овие подобрувања постигнати преку одржливите врски помеѓу главните играчи и производителите во возврат ќе ја зголемат домашната и/или меѓународната продажба и трговијата на малите компании, а со тоа ќе ги зголемат и приходите на учесниците.

Предложениот пакет на активности ќе генерира голем број на резултати кои се клучни за постигнување на целите на АгБиз, како и посебна програма за индикаторите за перформансите на фирмите, како што е зголемувањето на продажбата од поддржаните вредносни синџири за преработки од зеленчук, особено извозот, зголемување на продажбата на производителите, зголемување на бројот на нови извозници, и производство и продажба на нови видови на производи. Преку асистенцијата за усвојување на интегрираниот концепт за вредносните синџири, активностите се наосчени кон подобрување на квалитетот на производството, продуктивноста и ефикасноста на производителите и преработувачите на зеленчук, надградба на услугите во вредносниот синџир, подобрување на управувањето и производствените практики, зајакнување на хоризонталните и вертикалните врски и зголемување на конкурентноста на поддржаните вредносни синџири за преработки од зеленчук. Планираните активности исто така ќе го поддржат зајакнувањето на здруженијата и директно ќе придонесат за зголемување на присуството на пазарот на производите од овој вредносен синџир.
Консултантската фирма МЦГ ќе биде одговорна за спроведување на оваа компонента под надзор на тимот на АгБиз.
МЦГ Лого






Подобрен пристап до финансии

Главната цел на оваа компонента на АгБиз е зголемен пристап до финансии во земјоделскиот сектор, а поточно служи на потребите на учесниците во вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и за преработки од зеленчук како да дојдат до пристап на соодветно и поволно финансирање.
Невладината организација Центар за иновации е избрана за спроведување на оваа компонента која ќе ги решава проблемите на пристапот до финансии од страна на фирмите и земјоделците од вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и за преработки од зеленчук. Ова ќе биде направено преку користење на услугите на Финансиските консултанти од Проектот за конкурентност на Македонија, вклучувајќи образовни настани и ширење на информации и алатки за пристап до финансии.
Невладината организација ЦЕНТАР ЗА ИНОВАЦИИ ќе биде одговорна за спроведување на оваа компонента под надзор на тимот на АгБиз.
ЦЕНТАР ЗА ИНОВАЦИИ Лого








Зајакнување на капацитетот за лобирање

Главната цел на оваа компонента на АгБиз е зајакнување на дијалогот во јавните сектори и подобрување на капацитетот на вредносните синџири поддржани од АгБиз. Водечката консултантска фирма од оваа компонента ќе работи со заинтересираните страни од вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и за преработки од зеленчук, со владините тела и со други релевантни субјекти за зголемување на капацитетот за лобирање и застапување на организациите и здруженијата од приватниот сектор, како и развој на ефективната методологија за ефикасен и успешен дијалог во јавниот сектор, со што ќе се создаде успешна политика и институционални реформски иницијативи и мерки со кои ќе се намали ограничувањата за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на вредносниот синџир.
Консултантската фирма ЦеПроСАРД е одговорна за спроведување на оваа компонента под надзор на тимот на АгБиз.
ЦеПроСАРД Лого






Развој на извозни стратегии и планови

Целта е да се воспостави процес и развивање на маркетинг план за развој на извозот на двата вредносни синџири, кој ќе им овозможи покоординиран пристап кон унапредување на извозот и зголемување на капацитетот на агенцијата „Инвестирај во Македонија“ за олеснување и постепено преземање на менаџментот за промоција на извозот. Ова треба да се направи со вклучување на заинтересираните страни од вредносните синџири за преработки од зеленчук и за свежо овошје и зеленчук, со вклучување на „Инвестирај во Македонија“ и со вклучување на државните органи и други релевантни субјекти. Оваа компонента ќе биде управувана од заменик директорот на АгБиз задолжен за врски со јавниот сектор и пристап до финансии.
Сепак, работата во рамките на оваа компонента е одложена се додека Владата на РМ не донесе некои заклучоци во врска со реконструкцијата на „Инвестирај во Македонија“ и ги создаде потребните услови за соработка со АгБиз.


Индиректна поддршка на синџирите на вредност

Останатите три компоненти ќе бидат управувани од тимот на АгБиз со реализација на конкретни активности преку договори со локалните консултантски фирми. Тоа се:


Поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (Инвест Македонија)

Планираната поддршка на „Инвестирај во Македонија“ за градење на капацитетите на своите вработени за унапредување на извозот зависи од последните случувања на реструктуирање на Агенцијата и потенцијалниот избор на земјоделството како приоритет. Кога ова ќе се разјасни, АгБиз ќе ја вклучи „Инвестирај во Македонија“ во активностите на своите вредносни синџири за промоција на извозот и во соработка со Проектот за развој на инвестиции и поддршка во унапредување на извозот, АгБиз ќе развие соодветни активности за градење на капацитетот на вработените на „Инвестирај во Македонија“.


Идентификација, рангирање и развој на потребите за реформирање на регулативите и институциите

Двете водечки консултантски фирми од вредносните синџири ќе имаат секојдневна комуникација и постојан контакт со учесниците од сите нивоа на вредносните синџири. Од нив се очекува да ги идентификуваат потребите за реформи во политиките на институциите кои го попречуваат конкурентниот развој на синџирот на вредности. Идентификуваните потреби ќе бидат внимателно разгледани и ќе бидат приоритет за АгБиз. Избраните теми кои ќе бидат карактеризирани како пречка за тековните бизнис операции ќе бидат посочени  и анализирани од локални консултанти, од сферата на бизнисот, со вклучување на сите засегнати страни и со препораки за конкретни решенија или реформа на соодветните институции или креаторите на нивните политики. Тимот на АгБиз, како и останатите консултантски фирми на АгБиз ќе бидат вклучени во идентификација на потребите од реформирање на институциите и политиките во областа на земјоделството.


Поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде овозможена со директна помош на кабинетот на Министерот со надградба и/или развој на долгорочни документи како што се стратегии, планови и проценки кои се поврзани со овозможување на подобра бизнис клима за вредносните синџири поддржани од АгБиз. МЗШВ предложи група на активности кои беа дискутирани и координирани со нивните одделенија и релевантни експерти. Предложените активности беа прифатени во текот на годишната работилница на АгБиз за работниот план за 2012 година.



English
Македонски
     АгБиз програма на УСАИД
Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English
• Информациите истакнати на оваа веб страна не се официјални информации од Владата на САД и не претставуваат ставови или мислења искажани од Американската Агенција за Меѓународен Развој (УСАИД) или од Владата на САД •